ВИДЕО: Србија против Катар се „наостри“ за одлучувачкиот меч со Португалија

Фудбалската репрезентација на Србија со 4-0 (1-0) славеше во пријателската средба против Катар, одиграна на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград. Избраниците на Драган Стојковиќ одлично се загреаја за дербито на групата во квалификациите за Светското првенство, каде во последното коло во Португалија ќе играат одлучувачки дуел за првото место. 

Катарците иако се амбициозни и како домаќин ќе играат на Мундијалот следната година, сепак се далеку од респектабилен ривал. Тие добија шанса да се „натпреваруваат“ со европејците, во групата на Србија во пријателски дуели секое коло, против слободната селекција. Сепак, досега во сите тие дуели одиграа само реми со Луксембург (1-1), а ги загубија сите други дуели. 

Денешната средба до финишот на првиот дел не понуди погодоци, а потоа Саша Лукиќ го отвори резултатот. На стартот на второто полувреме дуото напаѓачи Лука Јовиќ и Душан Влаховиќ донесоа предност од три гола, за во завршницата да погоди и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. 

  • Извештај од натпреварот: 

Србија в недела гостува во Лисабон во натпревар кој ќе одлучи која селекција ќе патува директно на Мундијалот. Иако се аутсајдер, српските фудбалери се мотивирани и се надеваат дека можат до позитивен резултат.