Србија парично казнета од ФИФА!

Србија

Меѓународната фудбалска федерација, денес го казни Фудбалскиот Сојуз на Србија со 10.000 швајцарски франци поради „недолично и навредливо однесување на навивачите на мечот со Костарика на Светското првенство“.

ФСС е казнет поради навредливите знамиња и политички пораки, кои навивачите на Србија ги истакнаа во текот на натпреварот пред пет дена. ФИФА ангажирала експерти кои следат дали на трибините и на теренот има дискриминација и недолично однесување.

Покрај Србија, ФИФА го казни и Мексико со 10.000 швајцарски франци, чии навивачи го навредуваа голманот на германската репрезентација Мануел Нојер и извикуваа хомофобични пароли.