ВИДЕО: ЕВРОГОЛ на Баена од слободен удар, Србија немоќна во Кордоба!

Фудбалерите на Шпанија ѝ се реваншираа на Србија за ремито во Белград и пред својата публика во Кордоба извојуваа убедлива победа од 3-0 (1-0), во рамките од четвртото коло во Лигата на нации. За европскиот шампион ова беше трета победа во групата 4, додека „орлите“ го впишаа вториот пораз и остануваат на третата позиција на табелата. 

Шпанците и без првата ѕвезда, Ламин Јамал, вечерва рутински ја одработија зададената задача. Првата домашна радост пристигна по само пет минути игра, откако Лапорт го совлада Рајковиќ. Во вториот дел Мората зголеми на 2-0, а конечниот резултат го постави Баена. Инаку, Мората пропушти шанса за уште еден гол, откако промаши најстрога казна. Србија од 76. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Павловиќ.

Во А конкуренцијата вечерва се одиграа уште три натпревари, а интересно на ниту еден од нив немаше победник. Во Варшава селекциите на Полска и Хрватска одиграа возбудливо реми со по три постигнати гола (3-3), без голови заврши дуелот меѓу Шкотска и Португалија, додека Швајцарија и Данска одиграа 2-2. 

Во Ц лигата Северна Ирска ја посрамоти Бугарија со 5-0, убедлив беше и Косово со 3-1 против Кипар, а Романија славеше гостинска победа над Литванија од 1-2. Селекциите на Белорусија и Луксембург одиграа без победник (1-1).

Состави

Луис де ла Фуенте

4-2-3-1

    Драган Стојковиќ Пикси

    3-5-2