ВИДЕО: Србија на Пикси се врати од 0-2 и освои голем бод со Португалија!

Фудбалерите на Србија одиграа натпревар од соништата и освоија голем домашен бод против Португалија (2-2), во рамките на второто квалификациско коло за пласман на Светското првенство. Иако Диого Жота постигна два погодоци во првото полувреме, домаќинот преку Митровиќ и Костиќ израмни за 15 минути во вториот дел, па со мирна игра до крајот зачува бод. 

  • Србија - Португалија 2-2: 

Португалците стигнаа до предност практично од првата посериозна шанса, ако воопшто така може да се каже. Центаршут упати Бернардо Силва лошо реагираше Миленковиќ, а Диого Жота со глава погоди во поблискиот агол на голот на Дмитровиќ за 0-2 во 11. минута. Првото полувреме не понуди премногу возбудувања, па Португалија играше растеретено и пред паузата успеа да удвои. Акцијата беше речиси пресликана како првата, само што Жота го даде својот втор гол по центаршут на Седрик (0-2). 

Србија иако беше инфериорна во првиот дел, Пикси погоди со внесувањето во игра на Немања Радоњиќ кој беше многу расположен за игра. Израмнувањето беше дело на Александар Митровиќ уште во 46. минута, со што го постигна 39 погодок во својата репрезентативна кариера и стана најдобар стрелец на Србија. Тадиќ упати прецизна топка низ одбраната до Радоњиќ, а овој со добар центаршут го погоди Митровиќ кој стрела за 1-2 и враќање на надежта.

Србите имаа уште две зрели шанси, Тадиќ и Милинковиќ-Савиќ се заканија по голот на Ентони Лопез, но не погодија. Сепак, домаќинот успеа да израмни по еден час игра преку Филип Костиќ. Тадиќ одново испрати клучен пас низ одбраната, Радоњиќ пак добро се снајде и го проигра Костиќ кој од зицер позиција го матира Лопез за 2-2. 

Ниту по израмнувањето избраниците на Пикси не отстапија од офанизвниот пристап. Се обидоа со висок пресинг да го натерааг ривалот на грешки, а одбраната на Португалија се покажа ранлива. Сепак, темпото на игра бргу се смири и до крајот на натпреварот немаше значителни можности за промена на резултатот, па Србија и Португалија ги победија бодовите. Во судиското надополнување од натпреварот, поради преостар старт над Переира, стоперот Никола Миленковиќ заработи директен црвен картон. Спорен момент се случи во 93, минута, кога Роналдо го совлада Дмитровиќ, топката ја мина гол линијата, но судиите не покажаа на центарот. Со оглед на тоа што во квалификациите нема ВАР-технологија, судискиот впечаток беше финален и Србија се спаси од пораз, а Португалија е неверојатно оштетена.

  • Република Ирска - Луксембург 0-1:

Во групата А се одигра и натпреварот меѓу Ирска и Луксембург, каде гостите приредија изненадување и победија со 0-1, со единствениот погодок на Родригез во финишот.