Србија ја чека пекол во Осло: За само пет дена распродадени билетите за клучниот дуел

Фудбалските селекции на Србија и Норвешка ќе се сретнат во полуфиналето од плеј-офот во Лигата на нациите. Натпреварот меѓу двете репрезентации е закажан за 26 март, кога и Македонија го игра својот дуел со Косово

Натпреварот ќе се одигра на националниот стадион „Улевол“ во Осло, кој има капацитет од 35.000 гледачи, а веќе се распородадени сите карти. Оваа информација ја потврди Фудбалската федерација на Норвешка. 

  • Објавата на Твитер:

Она што навистина е импресивно е дека за само пет дена откако беа пуштени во слободна продажба, беа распродадени сите влезници. Со сигурност „орлите“ од Србија ги очекува пекол против младата сензација Ерлинг Халанд и Норвешка пред полн стадион. 

Подобриот од овој натпревар ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Шкотска и Израел, во финалето на Ц лигата.