• Иван Димовски

Европската фудбалска куќа (УЕФА) им ја додели довербата на Србија и Албанија за организација на едно Европско првенство.
Станува збор за континенталниот собир за фудбалери до 21 година, а ќе се одржи во 2027 година. Двете балкански земји поднесоа заедничка кандидатура и УЕФА реши да им ја додели организацијата на ова Европско првенство.
Стартот на шампионатот ќе биде во Нови Сад, а освен таму во Србија ќе се игра уште во Лесковац, Зајечар и Лозница. Од друга страна, Албанија ги понуди Тирана, Драч, Скадар и Елбасан.
Финалниот натпревар ќе се одигра на „Аир Албанија“ арената во Тирана.