Србија гради фудбалски стадион од 150 милиони евра

По победата на српските фудбалери над селекцијата на Албанија во октомври, српскиот премиер, Александар Вучиќ, најави дека неговата влада ќе изгради нов стадион, кој ќе вреди 150 милиони евра.

„Градот Белград има понудено неколку локации за изградба на Националниот фудбалски стадион, а како најдобра релација сметаме дека е Нови Београд“, соопштија од Фудбалскиот сојуз на Србија.

Стадионот ќе биде наменет само за фудбал, нема да има атлетска патека и ќе има капацитет за 50.000 посетители. Со изградбата на овој стадион, Србија се надева дека ќе добие можност за организирање на едно финале во Лигата на шампионите, Лига Европа или европскиот Супер куп. Стадионот ќе биде на располагање на сите српски клубови кои ќе се натпреваруваат во европските купови.