Србија го објави списокот за Германија и Португалија, најголемата борба е во нападот

Младен Крстајиќ, селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2020 година.

Во тимот има двајца дебитанти - голманот Никола Васиљевиќ од Радник Сурдулица, како и Мирослав Богосавац од Чукарички. Во дресот на Србија се враќаат Антонио Рукавина, Стефан Митровиќ, Љубомир Фејса и Дарко Лазовиќ.

Најголемата тешкотија Крстајиќ ќе ја има кога ќе треба да одбере еден играч за во нападот, затоа што Србија игра со еден шпиц, а во тимот се супер-квалитетните Александар Митровиќ и Лука Јовиќ.

Двата квалификациски меча Србија ги игра на гостински терен. На 20 март гостува во Волфсбург кај Германија, додека пет дена подоцна е мечот во Лисабон со Португалија.