Србија беше пресилна, Македонија прими „шестка“ од соседот

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа пораз во квалификациите за Европското првенство (ЕП) и во вториот меч на домашен терен убедливо загуби од Србија (0-6).

Нашиот национален тим го совлада Казахстан во претходната рунда и победи првпат на официјален меч по шест години, меѓутоа натпреварот со соседот се покажа како преголем залак за резултат.

  • Головите од натпреварот: 

По два гола во мрежата на Македонија постигнаа Благојевиќ и Вуковиќ, а еднаш стрелаа Филиповиќ и Стефановиќ.

За Македонија ова е втор пораз во квалификациите за ЕП, по поразот на гостувањето во Австрија.