Потпретседателот на Партизан; Предраг Мијатовиќ, откри информации кои досега вешто беа криени од јавноста. За време на гостувањето во подкастот „Супер индиректно“, легендарниот фудбалер изјави дека „црно-белите“ се договориле еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на фудбалот; Кларенс Сидорф, да го преземе кормилото на тимот.