ВИДЕО: Срамно однесување на „Сент Мери" - навивачи ја исмеваа смртта на Сала!

Двајца навивачи на Саутемптон се задржани од полицијата, откако беа забележани како прават гестови со кои ја исмеваат смртта на Емилијано Сала.

Мечот на „Сент Мери“ беше прв дуел на Кардиф по официјалното прогласување на Сала за починат, а покрај едноминутното молчење, играчите на дресовите носеа и црна трака. Но, двајцата навивачи фрлија црна дамка, а од клубот најавија и соодветна казна поради нивното однесување.

„Нема место за вакво однесување во фудбалот и ова нема да се толерира на „Сент Мери". Клубот ќе им забрани влез на овие навивачи“, стои во соопштението од клубот.