Срамно однесување на фановите на Ријека: На национална основа го навредуваа Адеми

Динамо Загреб извојува значајна победа на дербито со Ријека, но натпреварот на „Максимир“ го одбележа срамното однесување на гостинските навивачи.

Како што пишуваат хрватските медиуми, приврзаниците на Ријека, навивачката група „Армада“, во неколку наврати испраќала срамни навреди кон капитенот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец Аријан Адеми. Нашиот играч за врска беше навредуван на национална основа, а имало и погрдни зборови и кон неговото семејство.

За среќа полицијата успеа да ја смири ситуацијата, но сигурно е дека Ријека ќе добие соодветна казна.