• Иван Димовски
Фудбалерите на Сенегал го освоија трофејот на Африканскиот Куп на нации со победа во финалето над домаќинот Мароко од 1-0 по продолженијата во Рабат.
Мароканците не бираа средства за да дојдат до победата, а на силниот дожд се служеа со срамни потези. Имено, момчињата кои враќаат топки и дел од организаторите кои беа зад голот на Сенегал правеа сè за да го остават голманот Едуард Менди без неговиот пешкир. Нешто слично правеа и во мечот со
Сенегалците го задолжија резервниот голман Јехван Диуф да го чува пешкирот на својот колега, а тој без проблем застана зад голот и стоеше на дождот. Сепак, се случуваа мизерни и срамни сцени, бидејќи Мароканците беа подготвени да се тепаат. Момчињата кои беа задолжени за фрлање топки во неколку наврати буквално беа подготвени да се тепаат со Диуф кој не попушташе.
- Срамното однесување на Мароканците:
Во текот на мечот дури и капитенот Ашраф Хакими се посрамоти и го фрли пешкирот зад рекламите, а Мароко дури пушти и една од замените да стои до Диуф и да се обидува да му го украде пешкирот.
Овие сцени се срамни за еден организатор на големо натпреварување. Мароканците буквално беа подготвени на сè само за да победат, а на крајот правдата беше задоволена и Папе Геј му донесе победа и трофеј на Сенегал.

