Срамна одлука на италијанскиот сојуз во врска со случајот „Моис Кин“

Моис Кин

Расистичките испади се честа појава на терените ширум Италија и скоро да не поминува коло, а да не се случи некој фудбалер да добие навреди поради кожата на своето тело.

Последен и најсвеж случај е оној со младиот тинејџер од редовите на Јувентус, Моис Кин. Тој постигна погодок на гостувањето кај Каљари на 2 април и одговори со провокација на навредите и извиците кои ги добиваше во текот на цел натпревар.

Се очекуваше висока казна за сторителите и клубот, но на крај челниците на Фудбалскиот сојуз на Италија го објавија следното сооштение:

„Извиците, и да беа подлежни на казна, немаа никакво влијание на мечот. Нашата одлука е да не се преземаат никакви мерки против Каљари“.

Инцидентот донесе бурни реакции кај „бјанконерите“ кои сигурно нема да бидат задоволни од оваа одлука.