Срамен испад на Ловрен во микс-зоната: „Смрдле еден, плукаше уште од почеток...“

Среде славје на хрватската репрезентација по освоената бронза на Светското првенство во фудбал, Дејан Ловрен предизвика скандал во микс-зоната на стадионот.

Како што пренесува „24 сата“, расположението во микс-зоната беше одлично, насмеаните и среќни „ватрени“ даваа изјави за медиумите, а потоа дојде Дејан Ловрен, откако им се обрати на странските медиум.

Тој помина покрај хрватските новинари и рече: „Сега Лука Модриќ ќе ви даде изјава“ и си замина. Во тој момент двајца новинари се насмеале, па Ловрен се вратил и прашал:

„Кој се смее?“

Еден од новинарите му одговори дека не му се смеат нему, но Ловрен одговори:

„Вие ни се потсмевате. Не сте среќни поради ова“.

Тие му одговорија дека не му се смеат нему, но Ловрен продолжи:

„Не се гордееш на успехот, затоа што си еден од ретките што плукаа од почеток. Сега уште ме исмеваш, смрдле еден. Ти и оваа госпоѓа. Луѓето не се среќни, се смеат и тоа е вистината“.

Дописниците на „24 сата“ од местото на настанот објавија дека новинарите се обиделе да го смират Ловрен, но тој веднаш си заминал. 

Состави

Златко Далиќ

3-5-2

    Валид Реграги

    4-1-4-1