Спречен инцидент: Тетовци славеа пред „Комити“, вардаровите фанови влегоа во терен (ВИДЕО)

Екипата на Вардар го забележа првиот пораз сезонава во Првата македонска фудбалска лига. Среде Скопје беше надигран и поразен од шампионот Шкендија со 0-1 и со тоа битката за титулата дополнително се вжешти, затоа што тетовци сега се доближија на само еден бод до најтрофејниот.

Но, по судискиот свиреж се вжештија и страстите на теренот. Откако главниот судија досуди крај, двајца фудбалери на Шкендија прославија свртени кон „Комитите“, а тоа беше доволен повод неколкумина фанови на Вардар да влезат на теренот. 

Сепак, брзата реакција на вардаровите фудбалери и обезбедувањето, спречен беше поголем инцидент. На крај актерите на теренот си подадоа рака и заминаа во соблекувалните.