Спортскиот директор на Мајорка: Трајковски не побара излез од клубот...

Трајковски

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски ја игра втората сезона во редовите на Мајорка.

29-годишниот голгетер не добива доволна минутажа, но тоа не е причина да бара да си замине од клубот. Тоа го потврди спортскиот директор на шпанскиот тим Пабло Ортељс.

„Секогаш има играчи кои имаат помалку минути и бараат излез. Во овој случај, излезот беше Алекс Алегриа. Трајковски е тука со нас и е наш играч. Тој е наш играч и одлуките се на шефот. Тој не ми зборуваше лично за напуштање на Мајорка“, рече Ортељс.

Трајковски пристигна во Мајорка пред две години од редовите на Палермо. Досега има постигнато само еден погодок, и тоа во Купот на Кралот против Фуенлабрада.