Спортски потег за одушевување и почит: Двоен „шпалир“ во Мадрид (ФОТО)

Екипата на Реал Мадрид игра против Бетис во рамки на последната рунда во Примера, а двете екипи си покажаа почит на „Сантијаго Бернабеу“.

Пред стартот на натпреварот, Реал Мадрид изведе „шпалир“ во чест на пехарот Купот на Кралот на Бетис. Тоа е традиција која се почитува секоја сезона. И Бетис не остана имун, па возврати со голем гест.

Имено, „зелено-белите“ на Пелегрини му изведоа „шпалир“ на Реал Мадрид, во знак на почит за освоената титула во Примера. Овој потег наиде на одушевување и спортскиот свет даде голем поздрав за него.

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Мануел Пелегрини

    4-2-3-1