Спортски новинар од Франција стана скаут во Барселона

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона реши да назначи спортски новинар за свој нов скаут кој ќе работи на ниво во Франција.

Дел од првакот стана Жером Бигот, кој доаѓа по препорака на директорот Ерик Абидал. Двајцата беа дел од спортските емисии на „Беин Спортс“, па Абидал решил да го повика францускиот новинар и да му понуди работно место.

Бигот ќе биде задолжен за „ловење“ на фудбалски таленти во Франција, но истовремено ќе има и задачи во Италија, Австрија, Швајцарија и Чешка.

Новинарот нема искуство во фудбалот, освен што како дете спортувал во Нант, но никогаш не успеал да стане професионален спортист. Бигот поради работното место во Барселона ќе го напушти спортското новинарство и „Беин Спортс“.