ВИДЕО: Спортинг сигурен во Берн, Галатасарај го слави Икарди, Лукаку ја спаси Рома 

Фудбалерите на Спортинг Лисабон извојуваа победа во првиот натпревар од плеј-офот во Лига Европа. „Лавовите“обезбедија голема предност од гостувањето кај Јанг Бојс во Швајцарија, откако по деведесет минути игра во „Ванкдорф“ славеа со 1-3 (1-2).

„Зелено-белите“ важеа за фаворити во ова соочување, но ретко кој очекуваше дека уште на првата средба ќе стигнат до така сигурна залиха за реваншот пред својата публика. Резултатот го отвори Аманда со автогол во 31. минута, а десет минути подоцна Ѓокерес зголеми на 0-2. Сепак, на полувреме се замина со 1-2, откако за домашниот тим стрелаше Угриниц. Во вториот дел во листата на стрелците се запиша и Инасио за конечни 1-3.

Екипите на Галатасарај и Спартак Прага одиграа возбудлив натпревар во Турција, крунисан со пет гола, два црвени картони и победа на домашниот тим од 3-2. Херој на турскиот гигант е Мауро Икарди, кој во 91. минута го постигна голот за победа.

Во репризата од првото финале во Конференциската лига, екипите на Феенорд и Рома одиграа без победник на „Де Кујп“ (1-1). Паксио во првата минута од продолжението во првото полувреме погоди за домаќините, додека единствениот гол за гостите го постигна Ромелу Лукаку.

Без победник заврши и натпреварот во Хамбург, каде Шахтјор во 93. минута се спаси од пораз од Олимпик Марсеј (2-2).

Состави

Raphael Wicky

4-3-3

    Рубен Амурим

    3-4-3