ВИДЕО: Спортинг шокиран во Тондела, лесни победи за Бенфика и Порто

Победите минатата недела беа само моментален блесок, но Спортинг Лисабон на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски не е истата екипа од минатата сезона кога го освои Лига Купот и Купот на Португалија.

„Зелено-белите“ загубија на гостувањето кај Тондела со 1-0, а единствениот гол го постигна Бруно Вилсон во 88. минута. Нашиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути за поразената екипа.

Еден гол го реши и натпреварот на „Драгао“, каде Порто го совлада Авеш со 1-0 (1-0), а единствениот гок го постигна Иван Маркано. Уште во петокот, Бенфика го надигра Рио Аве со 2-0, со головите на Рубен Диаз и Пици.

Дерби дуелот на 10. коло го одиграа Брага и Фамаликао, а со голот на Андерсон Силва во 89. минута, гостите извлекоа реми. 

  • Брага - Фамаликао 2-2: 

  • Тондела - Спортинг Лисабон 1-0: 

  • Бенфика - Рио Аве 2-0: 

  • Порто - Авеш 1-0: 

Бенфика е лидер со 27 бода, пред Порто кој доцни два бода зад актуелниот шампион.