ВИДЕО: Спортинг се врати на врвот со триумф над Бенфика во градското дерби

Екипата на Спортинг славеше над Бенфика во големото португалско дерби со 1-0 (1-0) и го надигра градскиот ривал, носејќи огромна радост за своите навивачи. Натпреварот од 16. коло понуди голема возбуда за гледачите, па иако Бенфика имаше поголема иницијатива во второто полувреме, сепак домаќините успеаја да ја задржат минималната предност. 

Руи Боргес со победа дебитираше на клупата на Спортинг, откако пред неколку дена го наследи Жоао Переира.

Интернционалецот од Мозамбик, Гени Катамо го доведе Спортинг во водство на истекот на првите триесет минути, а во вторите 45 минути гостите трипати се обидоа во рамките на голот, но не успеаја да се изборат за бод. 

Домаќините имаа уште една колосална шанса за дуплирање на водството во финишот, но на крајот останаа конечните 1-1 со кои Спортинг се враќа на првото место со 40 бода, додека Бенфика има два помалку и е две места подолу на табелата. 

Состави

Rui Borges

3-4-3

    Бруно Лаж

    4-2-3-1