• Зоран Мишевски

Победникот на Купот на Португалија, Спортинг Лисабон ја запиша првата победа во новата сезона на Примеира. Во последниот неделен натпревар од второто коло „зелено-белите“ го совладаа четвртопласираниот тим од минатата сезона Брага со 2-1, а македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не доби шанса за настап.
- Извештај од натпреварот:
Првото соочување на две екипи од големата четврорка на португалскиот фудбал донесе победа на домаќините со одлучно прво полувреме. Вендел во 16. минута го отвори резултатот, а најдобриот фудбалер на Спортинг, Бруно Фернандез со гол пред одморот зголеми на 2-0.
Вториот дел беше нешто поизедначен, Брага имаше свои можности и го ублажи поразот со голот на Едуардо Вилсон. Првакот Бенфика и Фамаликао со по шест бода се водечки на табелата во Примеира по две одиграни кола.