• Иван Димовски

Спортинг слави во дербито на колото против Брага со 2-0 (0-0) и уште еднаш потврди дека е сериозен во намерата да се бори за титулата во португалската Примиера лига. Екипата чиј член е Стефан Ристовски, иако не игра во првиот тим, е лидер на табелата и вечерва со два гола во вториот дел го реши натпреварот на „Жозе Алваладе“.
Првото полувреме беше изедначено, се играше главно на средината од теренот, но немаше многу шанси и непотребни ризици. Брага беше за нијанса поконкретен ривал и преку Хорта и Елмисрати можеше на пауза да замине со предност, но не успеа во тоа.
Паулињо успеа да ја затресе мрежата и за момент да ја израдува Брага, бидејќи веднаш по проверки на снимките голот беше поништен поради офсајд.
На спротивната страна бргу стигна казната за промашените шанси. Практично од првата вистинска шанса, Спортинг поведе преку Педро Гонкалвеш. Убава акција и долга топка смири Сантос, кој одложи до играчот за врска на пеналтикот за лесна реализација и 1-0 во 54. минута.
- Голот за на Гонкалвес за 1-0:
Брага одново можеше да стигне до погодок, пак во шанса се најде Рикардо Хорта кој имаше зицер позиција, но голманот Адан успеа атрактивно да одбрани. Одново на спротивната страна Спортинг не промаши кога дојде во шанса.
Акцијата ја започна Шпохар, проби од лево и шутираше, а голманот Матеус му одбрани. Сепак, топката се одби само до Матеус Нуњес, кој ја смести во мрежата и практично го реши натпреварот во 78. минута (2-0).
- Голот на Матеус за 2-0:
Спортинг е лидер на табелата во Португалија и барем до утре ќе има предност од пет бода пред Бенфика и седум пред Порто, бидејќи главните ривали утре ќе ги одиграат своите дуели.