Спортинг ќе го преименува својот стадион во „CR7“ во чест на Кристијано Роналдо!?

Челниците на Спортинг Лисабон размислуваат да го сменат името на својот стадион и во иднина тој да го носи името на Кристијано Роналдо.

Според „О Жого“, клубот планира да го преименува сегашниот „Жозе Алваладе“ во „CR7 стадион“ или „Алваладе CR7“.

Инаку, Жозе Алваладе е основач и прв член на Спортинг, кој го формираше клубот на 1 јули 1906 година. Доколку се реализираат најавите, тоа ќе биде голема чест за Кристијано Роналдо, кој е еден од најдобрите фудбалери во историјата и ќе биде еден од ретките примери, активен фудбалер да носи име на стадион.

34-годишниот Роналдо е роден на островот Мадеира, а својата професионална кариера ја почна во Спортинг, каде одигра само една сезона (2002/03 година) пред да се пресели во тимот на Манчестер Јунајтед.