Спортинг ја постави цената, започнува „тепачката“ за потписот на Ѓокереш

Управата на португалскиот Спортинг ја постави цената за трансфер на нивниот најдобар напаѓач, Виктор Ѓокереш, за кого има огромен интерес од повеќе европски гиганти. 

Од клубот најавија дека предвид ќе се земаат само сериозните понуди, па затоа почетната цена ќе изнесува 65 милиони евра. Оваа сума може да порасне во зависност од желбата на гигантите кои веќе изразија желба за потписот на Швеѓанецот. 

Како „најзагреани“ клубови во моментов се споменуваат Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Арсенал и Баерн Минхен. Ѓокереш дојде во Спортинг од Ковентри за само 20 милиони евра и блесна во зелениот дрес, а сезонава има постигнато дури 37 голови во сите конкуренции. 

Важечкиот договор со Спортинг е со важност до 2028 година, па затоа португалскиот гигант може да си дозволи да постави висока откупна цена.