ВИДЕО: Спортинг ја победи Брага и го крена трофејот во Суперкупот

Фудбалерите на Спортинг го кренаа првиот трофеј во португалскиот фудбал, откако вчера победија во мечот од Супер купот против Брага со 2-1 (2-1). 

Натпреварот кој се одигра на стадионот „Мунисипал де Авеиро“ понуди три погодоци во првиот дел, а мрежите мируваа во продлжението, па екипата од Лисабон се радуваше на трофејот. 

  • Извештај од натпреварот: 

Брага прва зададе удар, поведе со голот на Франсержо во 20. минута. По асистенцијата на Хорта, напаѓачот реализираше за 0-1. Сепак, радоста траеше кратко и со голот на Кабрал, Спортинг се врати во игра во 29. минута од натпреварот (1-1). 

Пред паузата за полувреме, Педро Гонсалвеш успеа да го сврти резултатот и неговата екипа поведе со 2-1. Течеше 43. минута кога играчот за врска реализираше и Спортинг стигна до пресврт. 

Во продлжението, Брага немаше сили да се врати во игра и заслужено загуби во мечот за трофејот во Супер купот.