• Горан Упале

Екипата на Спортинг Лисабон запиша нова победа во домашниот шампионат и ги сочува шансите за евентуално второ место и квалификации за Лигата на шампионите, но трите бода на гости кај Боависта ги одбележа спорниот момент од финишот на мечот.
Во 90. минута при резултат 1-1, домашниот фудбалер Еду Мачадо по еден дуел, несакајќи со лакт удри по Рафиња, прекршок по кој наседнаа судиите и по прегледувањето на снимките се решија да досудат пенал, кој во гол го претвори Бруно Фернандез за конечни 2-1.
Претходно, Нерис во 3. минута донесе предност за Боависта, но Мачадо со автогол во 17. минута го врати Спортинг во игра.
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути.