ВИДЕО: Спортинг и Ристовски немоќни на дербито во Брага

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски одигра 90 минути, а неговиот Спортинг целосно разочара во дербито од 5. коло на Примеира и загуби во Брага со 1-0.

По изедначеното прво полувреме во кое Нани и другарите има и свои шанси, во вториот дел играта на „зелено-белите“ целосно исчезна.

Искусна екипа како Брага тоа го искористи и со голот на Диего Соуза во 67. минута стигна до значајни три бода.

Спортинг по овој пораз остана на петтото место со 10 бода, три помалку од лидерот Бенфика