Спортинг и Брага во битка за првиот трофеј во португалскиот фудбал

Спортинг и Брага во Суперкупот ја отвораат сезоната. Тргнуваат и Португалците. Мечот меѓу шампионот Спортинг од Лисабон и освојувачот на националниот Куп, екипата на Брага, ќе биде увертира за првенството кое стартува следната седмица.

Спортинг минатата сезона го прекина долгогодишниот пост и ја освои толку чеканата титула, а екипата на Рубен Аморим сега има прилика да го освои трофејот кој претходните пет години завршуваше во витрините на Бенфика и Порто. 

Сите квоти за финалето на Суперкупот во Португалија

Спортинг го сочува практично целиот шампионски тим од минатата сезона и дури може да се каже дека во новата сезона влегува посилен. Вистина, го загубија Жоао Маиро кој го предаде клубот и премина во најголемиот ривал Бенфика, но тоа не е нешто кое не може да биде надополнето затоа што тука се и понатаму феноменалниот Педро Гонсалвес како прва ѕвезда и носител на игра. Спортинг се засили на бековските позиции, па така од Брага за 5,5 милиони евра го доведе Рикардо Есжаио кој беше голема желба на тренерот Аморим и заменик за ветеранот Переира кој замина во пензија. А во текот на сезоната конкуренцијата ќе се засили со стартерот Педро Поро кој следното лето се враќа во Манчестер Сити. Од Вулверхемптон на позајмица стигна левиот бек Рубен Винагре, за да го растовари суперталентираниот Нуњо Мендеш. 

Што се однесува до Брага, таа покрај споменатиот Есжаио го загуби и одличниот играч за врска Кошта, а тимот го пополни со трансфери на неколку искусни играчи како стоперот Оливеира од Еибар, играчот за врска Гонзалес од Виљареал, Бразилецот Лукас Минеро... А, откупен е и Јури Медеирош кој минатата сезона на Мунисипал ја рехабилитира кариерата за време на позајмицата од Нирнберг.