Спортинг Хихон единствен тим од Сегунда во осминафиналето на Купот на Кралот

Второлигашот Спортинг Хихон е единствената преостаната екипа која не е дел од Примера во осминафиналето на Купот на Кралот. Барди е единствен наш репрезент, откако Столе Димитриевски и Рајо беа елиминирани од градскиот ривал Леганес.

Осминафиналисти:
- Реал Сосиедад
- Виљареал
- Еспањол
- Атлетик Билбао 
- Реал Мадрид
- Севиља
- Бетис
- Спортинг Хихон
- Леванте
- Леганес
- Ваљадолид
- Валенсија
- Атлетико Мадрид
- Алавес
- Хетафе
- Барселона

Ждрепката за следната фаза, во која пак ќе се играат два натпревари, е предвидена за 13 декември 2018 година.  

Осминафиналните натпревари од Купот на Кралот се играат во првите две недели од јануари 2019 година.