ВИДЕО: Спортинг донесе големи гостински бодови и изби на врвот на Примеира

Португалскиот гигант Спортинг Лисабон се искачи на врвот на табелата по три кола во Примеира, откако го искористи „О Класико“ и победата на Порто, па со триумфот на теренот на Портимонензе со 1-3 изби на врвот со седум бода, исто колку и Фамаликао.

Рафиња двапати и еднаш Луис Фелипе се запишаа во листата на стрелците за „зелено-белите“. Нашиот Стефан Ристовски не настапи.

По победата во првото коло над Порто, Жил Висенте пред своите гледачи ремизираше со Брага (1-1).

  • Портимонензе - Спортинг 1-3:

  • Жил Висенте - Брага 1-1:

Во четвртото коло Спортинг на „Жозе Алвеладе“ го пречекува тимот на Рио Аве.