ВИДЕО: Спортинг без Ристовски го загуби првото место од ЛАСК, крај за Лацио

Фудбалерите на Спортинг загубија на гостувањето кај ЛАСК во последното коло од Лигата на Европа (3-0). Во овој натпревар тимот од Лисабон играше со комбиниран состав, без најдобриот Бруно Фернандез, а поштеден беше и нашиот бек Стефан Ристовски. 

  • ЛАСК - Спортинг Лисабон 3-0: 

Австријците го искористија тоа и дојдоа до победа која им ја носи првата позиција во групата Д и нешто послаб противник во нокаут фазата. Траунер го отвори резултатот во 23. минута, а во 38. минута Клаус погоди од пенал. Фаулот за најстрога казна го направи голманот Рибеиро за што доби црвен картон. Конечните 3-0 ги поставу Рагуз во 93. минута од мечот. Од оваа група се одигра и средбата во Холандија меѓу ПСВ и Розенборг, која заврши со реми од по еден гол. 

Клуж славеше дома против Селтик (2-0) и ги затвори вратите на Лацио за пласман во плеј-оф фазата од Лига Европа. Романската екипа мораше да освои бод за да биде сигурен патник, бидејќи ако се случеше да имаат исто бодови со Италијанците поради послаб меѓусебен скор ќе го напуштеа натпреварувањето. Сепак ниту Лацио не успеа да запише три бода и минимално загуби кај Рен со 2-0 со што завршија како третопласирани во групата Е.

  • Рен - Лацио 2-0:

  • Клуж - Селтик 2-0: 

Малме го доби скандинавското дерби против Копенхаген (1-0) и го освои првото место во групата Б од Лига Европа. Домаќините добро се држеа, но во 77. минута по автоголот на Папајианопулос, Швеѓаните дојдоа до трите бода. Во групата Б силите си ги одмерија и Динамо од Киев со Лугано, каде што Украинците со гол во 94. минута дојдоа до бод. 

Севиља во групата А, минимално загуби на гостувањето во Кипар кај АПОЕЛ, а наместо да поведат од пенал тие во 61. минута го примија единствениот гол од Савиќ. Сепак, тоа не менува многу, бидејќи шпанската екипа до сега беше максимална и ќе заврши прва пред денешниот противник. Дуделанж не издржа на гостувањето кај Карабах иако водеше до судиското продолжение, на крајот домаќините израмнија преку Гвеје за конечни 1-1. 

  • АПОЕЛ - Севиља 1-0: 

Базел не дозволи изненадување и на домашен терен славеше со 2-0 против Трабзонспор, со што ја потврди првата позиција во групата Ц. Хетафе денес си ја заврши својата работа, но не го дочека киксот на Швајцарците, па ќе заврши со само бод негатива. Шпанците за само десет минути му дадоа три гола на Краснодар и го потврдија пласманот во нокаут фазата.

  • Хетафе - Краснодар 3-0:

  • Базел - Трабзонспор 2-0: