• Мартин Танасковски
Интер загуби на домашен терен во дербито со Ливерпул (0-1) со доцен гол на натпреварот, но има моменти за анализа кои судијата Феликс Цвајер одлучи да ги досуди и сигурно ќе се најдат на тапет кај надлежните во комисијата.
Навивачите на Интер се гласни, исто беше и со стручниот штаб на тимот кој жестоко протестираше по мечот за досудениот пенал откако Бастони со млак интензитет го повлече Вирц, а тој падна како да имаше голем контакт. Пеналот се досуди, иако се прегледа и ВАР-снимката.
Сепак, она што отвора момент за анализа е претходна ситуација на дуелот, кога по шут на Маркус Турам, топката го погоди во рака Вирџил ван Дајк, но тогаш судијата Цвајер одлучи да не покаже пенал, иако постоеја повеќе елементи за да се досуди најстрога казна.







