Спорни одлуки во корист на Спортинг ги обединија ривалите: Без срам! (ВИДЕО)

Спортинг славеше со 4-2 против Санта Клара во 28. коло на португалската Примеира, но натпреварот го одбележаа бројни контроверзии и судиски одлуки кои предизвикаа бурни реакции.

Главниот судија Андре Нарцисио се најде на удар поради неколку спорни ситуации, особено една во првото полувреме кога при водство од 0-1 за гостите, беше досуден прекршок за Спортинг во чиста шанса за Санта Клара, иако домашен играч сам падна.

Реакции стигнаа и од најголемите ривали. Бенфика кратко порача „Без срам“, додека Порто праша „Кои се критериумите за ова?“ алудирајќи на уште една спорна ситуација во корист на домаќинот.

  • Реакцијата на Бенфика:
  • Реакцијата на Порто:

И покрај критиките, Спортинг со победата останува во трката за титулата и продолжува да го следи водечкиот Порто.