СПОРНИ МОМЕНТИ: Ливерпул доби два голови како подарок во дербито!?

Љубителите на фудбалот „грмат“ и сметаат дека Манчестер Сити е драстично оштетен во дерби-дуелот против Ливерпул кој се игра на „Енфилд Роуд“.

Во првиот дел „црвените“ дадоа два гола, а претходно следеа две спорни ситуации. Во првата, во казнениот простор Алекс Арнолд играше со рака, а Агуеро реагираше бурно и бараше пенал.

Судијата Мајкл Оливер реши да не ја прекине играта, а веднаш во истата акција се случи контра и падна голот за предност кој го постигна Фабињо.

Неколку минути подоцна, нова спорна ситуација. Мохамед Салах по една контра доби длабочинска топка и реализира за 2-0, но Мајкл Оливер реши да не се консултира со ВАР собата за ситуацијата за која се тврдеше дека постои можен офсајд.