• Иван Димовски

Екипите на Брера Струмица и Башкими одиграа нерешени 1-1 во натпревар од деветтото коло на ПМФЛ. Средбата на стадионот „Младост“ ја одбележа една спорна ситуација која се случи во судиското надополнување и доведе до израмнувачкиот погодок за домашните.
Во еден дуел во шеснаесетникот на Башкими при висока топка, Борјан Пановски скокна со раширени лакти. Во скокот налета на Хаџи Драме кој веднаш падна, а судијата Пларент Салихи со помош на ВАР собата досуди пенал за Брера кој Нзенгуе го реализира.
Сепак, веднаш се појавија основани реакции во јавноста поради интензитетот на контактот за кој беше досуден пеналот.



