ВИДЕО: Спорен момент во Кратово, Силекс не доби чист пенал со Шкендија!?

Силекс успеа да ѝ „скине“ бод на фаворизираната Шкендија на домашен терен, а во еден момент имаше спорен момент, кога домаќините бараа пенал.

По еден добар пас, Кристијан Костовски излезе пред голот на Захов, арно ама Кривак го сруши од зад грб. Домашните протестираа, публиката негодуваше, но немаше реакција од арбитрите и играта продолжи.

На натпреварот во Кратово имаше шест судии. Главен беше Јован Качевски, му помагаа Ацо Мацевски и Петар Новачев, а четврти судија беше Марјан Смилкоски. Имаше арбитри и зад головите, во името на Боби Величков и Влатко Илиоски.

Шкендија поради киксот во Кратово направи чекор назад во битката за тронот со Вардар, затоа што сега директниот конкурент и лидер има десет бода повеќе на врвот.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15