• Мартин Танасковски
Екипата на Ливерпул е нервозна на судијата Иштван Ковач, затоа што не досуди пенал во првиот дел од дуелот против Реал Мадрид.
По еден шут на Соболсај, топката удри во раката на Чуамени. Судијата Ковач досуди прекршок, но потоа доби повик од ВАР-собата да гледа поцентијален пенал.
Сепак, последниот збор го имаше судијата Ковач кој оцени дека неговата одлука е вистинската и не досуди најстрога казна, за што доби свирежи од „Енфилд“.




