Според суперкомпјутер на англиските екипи не им се пишува добро во ЛШ

Англиските медиуми многу често користат суперкомпјутери за да се обидат да го одредат текот на одредени натпреварувања со помош на статистики и резултати од тековната сезона. Според пресметките и калкулациите за нокаут фазата на Лигата на шампионите, на екипите од Островото не им се пишува добро. 

Калкулациите велад дека од четирите екипи во натпреварувањето, само Манчестер Сити би го минал Реал Мадрид, додека Челзи, Ливерпул и Тотенхем би доживеале елиминација. 

  • Резултатите според англискиот суперкомпјутер:

Борусија Дортмунд - ПСЖ 1-2, 1-2 ( 2-4)
Реал Мадрид - Манчестер Сити 1-1, 1-3 (2-4)
Аталанта - Валенсија 1-1, 1-2 (2-3)
Атлетико Мадрид - Ливерпул 1-0, 1-2 ( 2-2)
Челзи - Баерн Минхен 1-2, 0-2 (1-4)
Лион - Јувентус 1-2, 1-2 (2-4)
Тотенхем - РБ Лајпциг 2-1, 0-1 (2-2)
Наполи - Барселона 0-3, 1-3 (1-6)

Според суперкомпјутерот, скоро сите екипи кои вторите дуели ќе ги играат на домашен терен ќе се пласираат понатаму во фазата на најдобрите осум.