Спој на традиција, еуфорија и врела крв - ново големо дерби меѓу Ривер и Бока

Целата суштина на спортското ривалство веќе 111 години е отелотворена во средбите помеѓу Ривер и Бока. Двата најголеми аргентински клуба се среќаваат од 1913 година во Суперкласико, најпознатото фудбалско дерби во светот. Сите кои некогаш отишле на натпревар како навивач сонуваат да присуствуваат на спектакуларен судир на два клуба од Буенос Аирес и да доживеат атмосфера каква што не може да се најде во другите делови на светот.

Претстојниот дуел на „Монументал“ (недела 21:00 часот) ќе се одигра во рамките на седмото коло од Лига Купот на Аргентина, а илузорно е да се нагласи дека натпреварувачкиот набој во средбата меѓу двата тима секогаш достигнува незамисливи размери кое и да се игра.  Моменталната форма ретко игра значајна улога во вакви пресметки, а се чини дека ваквата теза важи и пред следниот меч. Од почетокот на годината не блескаат ни „милионерите“, ни „џеновците“, а Ривер е малку подобар. Избраниците на Мартин Демикелис освоија 12 од можни 18 бода и имаат скор од три победи и три нерешени, додека избраниците на Диего Мартинез собраа само девет. Дополнително, на Бока не му помага тоа што патуваат на омразениот стадион по поразот од Ланус во претходното коло.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Ривер - Бока

Минатата година Ривер целосно ја победи Бока во меѓусебните натпревари, бидејќи двапати триумфираше без примен гол. Прво во мај славеше на „Монументал“ (1-0), а потоа во октомври и удри шлаканица на „Бомбоњера“ (2-0). Тој пораз беше само увертира за она што се случи еден месец подоцна, кога Бока го загуби финалето на Копа Либертадорес од Флуминенсе и со тоа остана без титулата континентален шампион по 16 години. Последен пат триумфираа против Ривер во септември 2022 година, а сега се охрабрени од фактот што го имаат најгласниот играч кој ги брои двата тима – Единсон Кавани. Можеби Матадор би можел да го освои првото Суперкласико во 2024 година и да стане идол на стотици илјади жители на Ла Бока на 38-годишна возраст.