Список за Лихтенштајн и Гибралтар: Илиев и Велкоски пак во А-тимот!

Селекторот на А-репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за последните два меча од групната фаза од Лигата на нациите, против Лихтенштајн и Гибралтар.

Од претходниот список ги нема Дарко Велковски, Давид Митов Нилсон и Стефан Ристовски кои се повредени, а на мечот во Лихтенштајн нема да може да играат и Езџан Алиоски и Елиф Елмас поради суспензија поради жолти картони.

Во составот се враќа Иван Тричковски, кој исто така поради повреда ги пропушти двете средби, а новајлии се Дејан Илиев од Арсенал и Крсте Велкоски од Сарајево.

Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија во Вадуц се игра на 16 ноември, додека три дена подоцна во Скопје гостува аутсајдерот Гибралтар. Нашиот национален тим е лидер во групата со девет бода, пред Ерменија која има шест бода.

УЕФА Лига на нации, Лига Д, Гр. 4
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МакедонијаМакедонија 6 5 0 1 14:5 9 15
2 ЕрменијаЕрменија 6 3 1 2 14:8 6 10
3 ГибралтарГибралтар 6 2 0 4 5:15 -10 6
4 ЛихтенштајнЛихтенштајн 6 1 1 4 7:12 -5 4