Список за Австрија и Израел: Без Адеми, се враќа Барди, повик за Аврамовски...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, го објави списокот за претстојните два квалификациски натпревари против Австрија и Израел кои се играат во рамки на циклусот за Европското првенство (ЕП) во 2020 година.

Меѓу повиканите се враќа Енис Барди, кој беше повреден, тука се и Дарко Велковски и Никола Ѓорѓев, а повик доби и Даниел Аврамовски од Вардар кој игра во животна форма и е најдобар играч во ПМФЛ. Нема да може да помогне Аријан Адеми, кој има повреда, иако играше за Динамо Загреб.

Поради суспензија против Австрија нема да може да помогнат Илија Несторовски, Бобан Николов и Висар Муслиу, но тие се тука за следниот меч против селекцијата на Израел во Скопје.

Натпреварот меѓу Австрија и Македонија се игра во Виена на 16 ноември, додека дуелот со Израел во Скопје е закажан на 19 ноември. Нашиот национален тим може да се врати во игра за ЕП 2020 само со победа кај Австрија.иако шансите за пласман преку групата се сведени на минимални.

  • Повикани фудбалери за Австрија и Израел:

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски

ОДБРАНА: Висар Муслиу, Кире Ристевски, Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Кристијан Тошевски, Марио Младеновски

СРЕДЕН РЕД: Енис Барди, Бобан Николов, Стефан Спировски, Езџан Алиоски, Ељиф Елмас, Даниел Аврамовски, Крсте Велкоски, Никола Ѓорѓев

НАПАД: Горан Пандев, Иван Тричковски, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Влатко Стојановски

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 10 8 1 1 18:5 13 25
2 АвстријаАвстрија 10 6 1 3 19:9 10 19
3 МакедонијаМакедонија 1 10 4 2 4 12:13 -1 14
4 СловенијаСловенија 1 10 4 2 4 16:11 5 14
5 ИзраелИзраел 10 3 2 5 16:18 -2 11
6 ЛетонијаЛетонија 10 1 0 9 3:28 -25 3