• Иван Димовски

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го започне новиот циклус квалификации за Светското првенство во март. Со дуелот кај Лихтенштајн ќе се крене завесата во борбата за Мундијалот, а селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за двата мартовски дуели.
На списокот на селекторот дебитантски повик доби младиот офанзивец Лука Станковски кој игра во одлична форма во српски Раднички Крагуевац. Исто така, во репрезентативниот табор по два собири пауза се враќа Агон Елези кој почна да игра редовно во хрватска Горица. Во тимот е и Дејан Илиев кој исто така е повратник по неколку собири пауза.
- Список на повикани играчи во А-репрезентацијата:
Голмани:
Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски
Одбрана:
Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Стефан Ашковски, Андреј Стојчевски, Висар Муслиу, Бојан Илиевски и Ѓоко Зајков
Среден ред:
Енис Барди, Јани Атанасов, Исник Алими, Давид Бабунски, Тихомир Костадинов и Агон Елези
Напад:
Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Лирим Ќамили, Александар Трајковски, Кристијан Трапановски Лука Станковски
Милевски и стручниот штаб ќе ги пречекаат фудбалерите в понеделник во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Ќе следуваат неколку тренинзи на домашно тло, па патување кон Лихтенштајн за првиот натпревар на 22 март.
По овој дуел Македонија го игра и првиот домашен меч во квалификациите против Велс на Арената „Тодор Проески“ на 25 март.