ВИДЕО: Спировски во улога на врвен голгетер го отвори шампионот АПОЕЛ! 

Стефан Спировски продолжува со одличните игра во дресот на новиот клуб АЕК Ларнака. Македонскиот репрезентативец, иако е новајлиј, oдлично се вклопи филозофијата во тимот и денес своите одлични игри ги круниса со дебитантски гол на официјален натпревар. 

По само седум минути игра во дуелот против АПОЕЛ, Спировски ја затресе мрежата на актуелниот бранител на титулата, откако по една контра во три потези, со полуволеј донесе водство за својот тим.

  • Голот на Спировски против АПОЕЛ:

Инаку, нашиот репрезентативец пред извесен период даде евро-гол на пријателскиот натпревар против Докса.