• Сашо Поповски
Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски го постигна вториот сезонски погодок во екипата на Хапоел Тел Авив.
Неговиот тим стигна до водство против Хапоел Беер Шева, откако 29-годишникот доби одлична асистенција и ја искористи за да бие прецизно по земја.
Ова за македонскиот играч за врска е прв погодок во израелското првенство. Дебитантската реализација за новата екипа ја имаше во Купот.


