Спировски влезе во одбраното друштво, го одигра јубилејниот 50-ти меч за Македонија

Фудбалската селекција на Македонија со реми против Бугарија (1-1) ја стартуваше новата сезона во Лигата на нации, во натпревар кој е од посебно значење за еден од нашите најстандардни репрезентативци.

Играчот за врска, Стефан Спировски, во Разград го одигра својот јубилеен 50-ти натпревар во дресот со националниот грб. 31-годишниот битолчанец, откако ги мина сите младински категории, за А-селекцијата дебитираше против Азербејџан во 2011 година, а вечерва јубилејниот настап го започна од првата минута.

Така искусниот оперативец на средината на теренот влезе во одбраното друштво на македонски фудбалски репрезентативци, а досега постигна еден гол, на пријателската средба со Белорусија во март 2017 година.

Состави

Georgi Ivanov

4-4-2

    Благоја Милевски

    4-4-2