Спировски: Вечерва нема спиење, победивме четирикратен светски првак!

Спировски Стефан

Најголемата победа во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал се случи вечерва. Четата на Игор Ангеловски победнички си замина од Германија и си го отвори патот за уште едни успешни квалификации.

Еден од актерите на теренот беше Стефан Спировски. Играчот за врска доби шанса за докажување во 72. минута, кога го замени Александар Трајковски. По мечот 30-годишникот за Gol.mk рече дека ова е еден од најголемите успеси во неговата кариера.

„Победивме четирикратен светски шампион! Тоа ни кажува дека можеме да се надигруваме и со најдобрите. Ова е една од најголемите победи во мојата кариера. Како што најави капитенот, дојдовме тука да се надигруваме и да бркаме позитивен резултат.

Овој резултат значително ни ја зголемува самодовербата за Европско првенство. Вечерва нема спиење, ќе славиме цела ноќ...“ .

Репрезентативната недела за Македонија донесе несреќен пораз од Романија и две победи, против Лихтенштајн и Германија.

Ерменија е на врвот на табелата со три победи од исто толку настапи во квалификациите.