• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец, Стефан Спировски, својата ера во Хапоел Тел Авив ја започна со фантастична асистенција.
29-годишниот играч за врска пред само неколку дена пристигна во својот нов клуб, но веднаш ги покажа своите квалитети. Во самиот финиш од првиот дел против Зиона, Спировски претрча пола терен со топката и подели топка „со очи“ до Пирсман, кому не му беше тешко да ја затресе противничката мрежа.
- Асистенцијата на Спировски на дебито за Хапоел Тел Авив:
Сепак, Хапоел не успеа да ги собере сите три бода од овој дуел, затоа што Салику во 54. минута погоди за конечни 1-1.