ВИДЕО: Спировски стрелец за Хапоел Тел Авив во Купот на Израел

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски се запиша во листата на стрелците за Хапоел Тел Авив од Израел.

Хапоел потешко од очекуваното обезбеди пласман во наредната фаза од Купот на Израел, затоа што по продолженија славеше над Хапоел Катамон (2-0).

Првиот гол падна во 103. минута и го постигна Абаид, додека печат на триумфот стави Спировски во 107. минута.

  • Извештај од натпреварот: 

Хапоел Тел Авив противникот во осминафиналето ќе го добие на ждрепка.